Матиќ искрено за Скај Спорт: Што се смени кај Манчестер?! …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед речиси цела есен беше мета на критики поради неубедливите изданија, дури и тогаш кога победуваа, тоа не беше она што поголемиот дел навивачи го очекуваа од клубот со такво реноме.

Цената ја плати Жозе Мурињо кој е сменет по поразот во дербито од Ливерпул, а неговата улога ја презеде некогашниот фудбалер на Јунајтед, Норвежанецот, Оле Гунар Солскер.

Имаше сомнеж дали тоа е вистинскиот избор, дали ќе може да ја покрене екипата, но изминатиот викенд следеше пријатно изненадување за навивачите на тимот од „Олд Трафорд“. Манчестер гостуваше кај Кардиф и славеше со 5:1, со допадлива игра, па сега многумина се прашуваат како е можно за така кратко време екипата драстично да се промени и дали навистина најголемиот проблем бил Мурињо.

На таа тема, за Скај Спорт зборуваше Немања Матиќ, кому многумина му прогнозираа селење на клупата по заминувањето на Мурињо, но очигледно дека за сега Солскер има доверба во него.

„И по мечот со Ливерпул зборував дека треба да преземеем одговорност и да дадеме се од себе за да играме подобро и да почнеме да остваруваме победи. Не знам што се промени против Кардиф. Тоа е прашање на кое немаме одговор, но сигурни сме дека ова е вистински начин да продолжиме да се бориме“, истакна Матиќ.

Секако, не сакаше Мурињо да го означи како најголем виновник.

„Тоа е фудбалот се случуваат осцилации. Ние знаеме дека вината не е само на менаџерот кога не оди добро“, заклучи Матиќ.