Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И со фудбалските и со нефудбалските работи Немања Матиќ мораше да се избори во изминатите неколку недели, а дали со ова е ставена точка на темата за која многу се пишуваше?
Српскиот репрезентативец, Немања Матиќ од понеделникот се подготвува со репрезентацијата на Србија за одлучувачките дуели во групната фаза во Лигата на нациите, против Црна Гора и Литванија, но најде време вчера да се обрати на одредена група студенти во неговата матична земја.
Во таа прилика, отрфли некои дилеми кои се појавија по информациите дека одбил на дресот да го носи цветот на маката.
Како што се наведува поради тоа имал проблеми во својот клуб, но Матиќ ја искористи приликата сите шпекулации конечно да ги демантира и да упати јасна порака кон медиумите.
„За цветот на маката и сето тоа јасно објавив на својот Инстаграм, тоа е се што можам да кажам. Немам проблеми со никого во клубот и не би ги коментирал новинските написи, а нека им оди на чест тоа на дел од творците“, истакна Матиќ.
На прашање на студентите, Матиќ потврди дека за тоа никој од соиграчите ништо не кажал, односно за споменатиот симбол на дресот.
Потоа беа покренати и некои други теми, а една од најинтересните беше онаа за плановите на Мати кога ќе дојде време да ја заврши својата фудбалската кариера.
Тој откри дека и потоа ќе остане во фудбалот, со намера да се занимава со тренерската работа.