Матиќ со емотивна порака: Не го носев цветот, зашто ме потсетува на нападот на НАТО! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, побара разбирање од навивачите за неговата одлука да не го носи цветот на дресот со кој им се оддава почит на загинатите војници од Првата светска војна.

Матиќ е во центар на внимание на англиските медиуми по дуелот помеѓу Борнмут и Манчестер јунајтед на кој одби да го носи цветот.

Српски „Телеграф“ објави дека Матиќ кажал дека не сака да го носи симболот, кој за него е потсетник на бомбардирањето на Србија во 1999. година.

А, дали е тоа точно Матиќ објасни на својот профил на Инстаграм, каде што ги објасни причините за одбивање да го носи цветот.

„Во целост разбирам зошто луѓето носат цвет и го почитувам секој кој го прави тоа и сочуствувам со тие кои го загубиле животот поради конфликт. Меѓутоа, тоа за мене е потсетник на нападот кој го почуствував лично јас како младо и исплашено дете. Не сакам да навредам било кого, меѓутоа сите сме производ од сопственото воспитување и тоа е мој личен избор. Се надевам дека ќе ме разберат луѓето сега кога ги објаснив причините“, порача Матиќ.

 

View this post on Instagram

 

I recognise fully why people wear poppies, I totally respect everyone’s right to do so and I have total sympathy for anyone who has lost loved ones due to conflict. However, for me it is only a reminder of an attack that I felt personally as a young, frightened 12-year old boy living in Vrelo, as my country was devastated by the bombing of Serbia in 1999. Whilst I have done so previously, on reflection I now don’t feel it is right for me to wear the poppy on my shirt. I do not want to undermine the poppy as a symbol of pride within Britain or offend anyone, however, we are all a product of our own upbringing and this is a personal choice for the reasons outlined. I hope everyone understands my reasons now that I have explained them and I can concentrate on helping the team in the games that lie ahead.

A post shared by Nemanja Matic (@nemanjamatic) on