Махрез конечно го напушта Лестер, но останува во Премиер Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Англија, Ријад Махрез наскоро би можел да го напушти Лестер и да се пресели во тимот на Манчестер Сити.

Новиот шампион во Премиер лигата веќе подолго време го следи алжирскиот интернационалец, а во јануарскиот преоден рок испрати понуда која од Лестер не ја прифатија.

Тогаш Махрез одби да тренира со клубот во знак на протест зошто не му дозволиле да се пресели на „Етихад“, но ова лето трансферот ќе биде реализиран и веќе се работи на тоа.