Машината на Гвардиола од јануари уште појака?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола од Манчестер Сити направи вистинска машина. После неуспешната прва сезона, во која остана без трофеј, оваа сезона Граѓаните „мелат“ се пред себе, претендирајќи за освојување на сите можни трофеи.

Нападот на Сити делува неверојатно моќно, но добра работа е тоа што во тимот од Етихад, добро му функционира и одбраната, па после 11 натпревари во Премир Лигата имаат примено само седум голови.

Пеп Гвардиола има намера додатно да го засили својот тим во дефанзивата, па е сериозно заинтересирани за доведување на 20 годишниот штопер Муктар Дијакаби од Лион.

Претставниците на англискиот тим го пратеа младиот дефанзивец во изминатиот период и се многу задоволни од она што тој го покажува, па во јануари ќе пробаат да го доведат во своите редови.

Сити ќе има јака конкуренција. Исто така и Барселона е заинтересирана за доведување на овој фудбалер во своите редови, па ќе биде занимливо да видиме што ќе се случи.