Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Од шеснаесетото коло од ПЛ се одиграа уште три натпревари.
На Риверсајд, Ливерпул со убедливи 0:3 го совлада Мидлзбро и им се врати на победите. После половина час игра Адам Лалана ја затресе мрежата на Мидлзбро. Во второто полувреме во период од осум минути црвените постигнаа два погодоци. Ориги и Лалана кој го постигна вториот погодок ја осигураа победата на својот тим. Мидлзбро во следното коло повторно игра на Риверсајд, овој пат против Свонси, а Ливерпул во следното коло повторно ќе игра на гостински терен на Гудисон против Евертон.
Челси ја продолжи победничката низа со тоа што го совлада минимално на гости Сандерленд, 0:1. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Сеск Фабрегас во првото полувреме и го однесе на плус шест бода предност пред Ливерпул и Арсенал. Сандерленд во следното коло на домашен терен ќе го пречека Вотфорд, а Челси ќе му гостува на Кристал Палас.
Минимална победа за Вест Хем против Барнли на домашен терен, 1:0. Во финишот на првото полувреме го видовме погодокот. Беше досуден пенал за Вест Хем, а Нобл шутираше, но голманот на Барнли одбрани. По одбиената топка Нобл ја затресе мрежата. Вест Хем во следното коло ќе го пречека Хал, а Барнли ќе му гостува на Тотенхем.