Мајами има нова шампионка – Слоан Стивенс!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Американската тенисерка Слоан Стивенс ја освои титулата во Мајами, откако во финалето ја победи Јелена Остапенко со 7-6 и 6-1.

Во првиот сет видовме голем број на брејк поени, но во тај-брејкот многу подобра беше Американката, па победи со 7-5.

Откако добро го отвори вториот сет, на Остапенко и падна играта, па нејзината противничка успеа брзо да го заврши мечот.

Со пласманот во финале, Стивенс си обезбеди место во топ 10, а титулата е како шлаг на тортата.