Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски постигна ретко виден погодок на денешниот натпревар кој неговиот Лидс го доби против Болтон со 2:1.
Претендентот за настап во Премиер лигата следната сезона победи потешко од очекувањата против фенерџијата во Чемпионшип лигата, а за победата најзаслужен беше токму Алиоски.
Брзоногиот фудбалер во 68. минута упати една висока топка која сите мислеа дека е центаршут, но стигна до голот и го измами противничкиот голман.
Слична шанса Алиоски имаше и во првиот дел кога од слободен удар наместо да центрира директно шутираше, но тогаш голманот на Болтон му го одбрани ударот.
GOALLLLL ALIOSKI 2-1 LEEDS #LUFC pic.twitter.com/xFuZfyvAvE
— LUFC Goals (@LUFC_Goals) February 23, 2019