Мајсторија на Алиоски каква ретко се гледа (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски постигна ретко виден погодок на денешниот натпревар кој неговиот Лидс го доби против Болтон со 2:1.

Претендентот за настап во Премиер лигата следната сезона победи потешко од очекувањата против фенерџијата во Чемпионшип лигата, а за победата најзаслужен беше токму Алиоски.

Брзоногиот фудбалер во  68. минута упати една висока топка која сите мислеа дека е центаршут, но стигна до голот и го измами противничкиот голман.

Слична шанса Алиоски имаше и во првиот дел кога од слободен удар наместо да центрира директно шутираше, но тогаш голманот на Болтон му го одбрани ударот.