Мајсторија на Горан Пандев која ретко се гледа


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев вчера постигна феноменален погодок на првенствената средба против Верона.

Џенова славеше победа со 3:1, а Пандев влезе од клупата за резервни фудбалери во 81. минута.

во 93. минута следеше вистинска фудбалска магија на нашиот Гоче кој од 15тина метри го лобоваше гостинскиот голман. Дефинитивно ова ќе биде гол на колото во Серија А, а веројатно ќе биде вметнат и во потенцијалните најубави голови на сезоната.

БРАВО ГОЧЕ!