„Мбапе? Ги гледал моите снимки, сега јас ги гледам неговите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Белгија Еден Азар, ја пофали ѕвездата на Француската репрезентација, Мбапе.

Мбапе навистина игра импресивно во Русија и ги воодушеви апсолутно сите, а интересен коментар упати и Азар.

„Мбапе. Зборував со него неколку пати на телефон. Ми призна дека ги гледал моите снимки како дете. Сега, јас ги гледам неговите, имам голем респект кон тоа што тој го работи толку млад“, истакна Азар.

Натпреварот помеѓу Белгија и Франција е навистина атрактивен. И двете репрезентации го бараат своето место во финалето и не чека навистина спектакуларен меч. Натпреварот се игра во вторник од 20.00 часот во С. Петерсбург.