Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе смета дека неговиот тим се уште не е созреан за освојување на Лигата на шампионите.
Парижаните веќе со години доминираат во францускиот шампионат, меѓутоа со големи финансиски вложувања, претседателот на клубот Насер Ал Келаифи верува дека ПСЖ може да освои трофеј првпат во историјата.
Сепак, Мбапе смета дека неговиот тим се уште заостанува зад Реал, Јувентус…
„ПСЖ расте од година во година, а и играчите напредуваат заедно со клубот. Можеме да размислуваме за Лигата на шампионите, тоа е последен чекор и природно е да дојде еден ден. Потенцијалот е тука, во еден момент ќе ја оствариме целта. Но, не сум сигурен дека сега е тоа време“, истакна Мбапе.
Мбапе за потсетување, стигна во ПСЖ летото 2017. година од Монако. Оваа сезона на 13 одиграни натпревари постигна 13 погодоци и запиша шест асистенции.