Мбапе синоќа собори уште еден рекорд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот француски фудбалер Килиан Мбапе синоќа собори уште еден рекод.

Тој игра во животна форма, а веќе на свои 19 години има срушено неколку рекорди кои тешко кој ќе ги стигне во догледно време.

Тој синќа играше за својата репрезентација пријателски натпревар против Исланд кој заврши со резултат 2-2-. Во стрелците се запиша и тој во 90. минута со гол од белата точка и со тоа собори уште еден рекорд.

Имено, тој стана прв фудбалер во историјата кој има постигнато 10 голови во репрезентативниот дрес пред својата 20. година.

Со обзир дека тек на крајот од оваа година ќе наполни 20, јаснно е дека пред себе ќе има барем уште два репрезентативни меча и можност да го подобри рекордот.