„Мбапе ќе биде подобар од Кристијано, ќе освои повеќе Златни топки“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Килиан Мбапе еден ден би можел да заигра за Реал Мадрид и да освои повеќе златни топки од Кристијано Роналдо- барем така мисли некогашниот технички директор на Монако, Лукас Кампос.

Токму тој своевремено го препозна потенцијалот на Мбапе и го доведе во Монако. Тој како и целиот свет е воодушевен од игрите на 20 годишниот Мбапе за ПСЖ и за репрезентацијата на Франција, а верува дека еден ден ќе заигра за Реал Мадрид.

„Килиан го претставува фудбалот кој сакаме да го гледаме, а како врвен фудбалер го гледам во дресот на Реал Мадрид, бидејќи тоа е клуб по негова мерка, клуб во кој сакаат да одат големите играчи“, изјави Кампос за Телефут, па додаде:

„Во иднина се замислувам себеси на Сантијаго Бернабеу како уживам во шоуто на Мбапе… Денес има тој поголемо влијание во играта од Нејмар, а ако ги земеме во обзир неговите години, тој ќе биде многу подобар од Роналдо. Мислам дека ќе освои повеќе Златни топки.“

Инаку, оваа сезона Мбапе игра одлично, на 19 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ има постигнато 16 голови и 10 асистенции.