„Медениот месец“ на Сари заврши, Челси спуштен на земја


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двата порази на Вембли и синоќа против Вулвс ги спушти Челзи на земја. Коментарите се дека поради естетиката на Сари ја изгубија цврстината и дека сега покажуваат лимит.

Имено, водеа, имаа контрола, а потоа за четири минути примија два гола.

„Многу сум загрижен, не поради поразот туку поради начинот. Не одговоривме, немавме самодоверба , сега е јасно дека е погрешно што понекогаш покажувавме и многу повеќе самодоверба, мислам дека мораме да излечеме поука“- кажа Сари.
Секако, не беше поштеден од критики, дека размислува за натпреварот со Сити, неправи пет измени на дуелот со Фулам,а резервините играчи покажаа дека нема да можат да го одржат нивото на игра на иста висина.
,,Не мислев на Сити, тоа е потполно погрешно. Тие се подобри од нас, материјал за титула, ние сме една класа под нив, се бориме за топ четири. Како што реков ме загрижува што паднавме после голот, изгледавме како потполно друг тим“- рече Сари чија екипа го дели третото место со Арсенал и би можела да излезе од топ четири бидејќи играат во следното коло против Сити додека Топџиите имаат многу полесна работа против Хадерсфилд.