„Мелбурн не е проблем, туку тоа што следи потоа“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот тенисер во светот, Енди Мареј вели дека е полн со самодоверба сега кога е на врвот на АТП листата.

„На крајот на сезоната бев навистина уморен, поуморен отколку на крајот на било која претходна сезона во кариерата.“

Првиот Грен слем турнир е на програмата во Мелбурн од 16 до 29 јануари, а Мареј е 5 пати вице-шампион.

„Тука ги играв некои од своите најдобри игри, но никогаш не успеав да го освојам трофејот. Не ми е тешко да се мотивиран за Австралијан Опен, но после има 4-5 месеци до наредниот Слем, тогаш морам да останам фокусиран.“

Мареј ќе игра турнир во Доха пред Австралијан Опен, а изјави дека местото број 1 не го сменило.

„Не се чувствувам поинаку. Тоа е голема работа, мило ми е што сум број еден. Нема многу работи кои не сум успеал да ги постигнам во оваа фаза во кариерата, па така во моментов е одлично.“