Мерцедес го сака Алонсо на местото на Розберг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Мерцедес е во потрага по нов возач откако Нико Розберг пред 5 денови ја заврши кариерата. Еден од главните кандидати за празното место е возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо.

Колку е тоа реална опција засега не е познато, бидејќи во германскио тим повторно се поврзуваат старите ривали Алонсо и Хамилтон.

Тие веќе беа колеги во Мекларен во 2007 година, но по завршувањето на сезоната Шпанецот го напушти тимот.

Тото Волф е заинтересиран за Алонсо во тимот на Мерцедес.

„Фернандо го земаме во предвид. Тој е возач кого многу го почитувам. Тој ја комбинира брзината, талентот и искуството. Се е тука. Алонсо моментално има договор со Мекларен, но ние мора д аги разгледаме сите опции.“

Претходно оваа недела се огласи и генералниот директор на Мекларен, Зек Браун кој го отфрли тврдењето дека Алонсо ќе го напушти тимот.

Меѓу потенцијални кандидати се Фетел, Ботас, Верлајн, Рикардо, Окон…