Меси го расплака Висенте Калдерон – Барселона е лидер во Ла Лига (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон во натпревар од 24-то коло во Ла Лига, 1:2.

Домашните подобро влегоа во натпреварот. Голманот на Барселона, Тер Штеген одлично бранеше на почетокот на натпреварот. Во последните пет минути од првото полувреме каталонците имаа шанса за погодок од слободен удар. Лионел Меси фантастично шутираше, но и Облак фантастично одбрани.

Облак пред крајот на првото полувреме го одбрани ударот со глава на Пике после изведен корнер.

На почетокот на второто полувреме Суарез пропушти огромна шанса за водство на каталонците. Неколку минути по шансата за каталонците, јорганџиите се заканија преку Гризман чиј шут беше одбранет од Тер Штеген.

Во 64-та минута топката среќно до Рафиња кој погоди за водство на Барселона, 0:1.

Радоста кај каталонските навивачи не траеше долго бидејќи седум минути подоцна Коке нафрли од слободен удар, а Годин со глава го израмни резултатот.

Три минути пред крајот на натпреварот топката се одби до Лионел Меси кој погоди за водство и победа на Барселона, 1:2.

Барселона после денешната победа е лидер во Ла Лига со 54 бода и два бода повеќе во однос на второпласираниот Реал Мадрид кој има два натпревари помалку од каталонците.