Меси отворено говореше за партијата на Роналдо против Атлетико


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Одличниот португалец Кристијано Роналдо со хет-трик го одведе Јувентус во 1/4 финалето од ЛШ.

Роналдо беше незапирлив против Атлетико Мадрид и уште еднаш ја докажа својата класа.

На негова адреса пристигнаа бројни пофалби, а една од нив беше и од Аргентинецот Лионел Меси.

Меси беше сосем јасен.

„Навистина она што Јувентус и Роналдо го направија е импресивно. Мислев дека ќе им биде многу потешко против Атлетико, но Роналдо беше неверојатен. Имаше волшебна ноќ и постигна хет-трик“, кажа Меси.

Во петок е ждребот, а коцките може да ги спојат Јуве и Барселона, што би значел дуел на Роналдо и Меси.

„Ќе биде тешко кој и да го извлечеме“, беше коментарот на Меси.