Месут Озил одбил понуда од ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Месут Озил не се наигра премногу оваа сезона во Арсенал, па постојано се шпекулираше дека ќе го напушти клубот.

Тој минатата сезона потпиша нов договор со Топџиите со што стана еден од најплатените играчи во Премиер лигата. Меѓутоа, Топџиите не се надеваа дека германскиот играч за врска оваа сезона често ќе биде надвор од теренот, па сега е јасно дека неговиот богат договор е голем проблем за буџетот на Арсенал.

Во претходните неколку недели се шпекулираше дека Озил би можел да го напушти Арсенал, па дури да оди и на позајмица. Но според пишувањата на англиските медиуми тоа нема да се случи.

Мирор денес објави и дека ПСЖ пратил понуда до Арсенал за Озил да отиде на позајмица до крајот на сезоната, па на лето да го откупат неговиот договор, сепак на Германецот не му се допаѓало тоа, веројатно затоа што е свесен дека таму нема да се избори за место.

ПСЖ има намера Озил да биде замена за повредениот Нејмар, кој ќе биде надвор од терените 2 месеци, сепак Озил покажал дена негова желба е да остане во Арсенал.