Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометарите на Металург го победија во СЦ Борис Трајковски рускиот Чеховски Медведи со 31:24 во натпревар од последното десето коло во ЛШ.
Избраниците на Лино Червар започнаа одлично. На почетокот серија од 3:0. Потоа направија серија од четири погодоци за 8:3.
Се играше гол за гол се до резултат 11:8. Металург со три погодоци во низа стигнаа до прво водство од шест погодоци, 14:8. На полувреме македонскиот клуб заминаа со пет погодоци предност, 15:10.
На почетокот на второто полувреме се играше во серии, 17:12. Металург со серија од три погодоци го врати водството од шест погодоци, 24:18.
Десет минути пред крајот на натпреварот Металург имаше водство од пет погодоци, 27:22. Трите погодоци во низа на Металург му го донесоа првото водство од седум погодоци, 30:22. На крајот Металург победи со 31:24.
Вања Илиќ го предводеше Металург со 8 погодоци. Немања Обрадовиќ постигна 7, Жарко Пешевски 4, Александар Гуглета и Никола Костески по 3, Филип Кузмановски и Мартин Велковски по 2, Марко Нелоски и Давор Палевски по 1 погодок. Кај Чеховски најмногу се истакна Кирил Котов со 5 погодоци.
Металург после оваа победа која беше пета во ЛШ ја заврши групната фаза на третата позиција. Клубот од Автокоманда во групната фаза запиша и пет порази.
Група Ц табела
1. Монпеље 8 0 2
2. Ла Риоха 5 1 4
3. Металург 5 0 5
4. Татран Прешов 4 1 5
5. Елверум 3 2 5
6. Чеховски Медведи 2 2 6
Монпеље и Ла Риоха ќе продолжат во 1/16 финалето во ЛШ.