Мечот прекинат во Скадар при резултат 1:1, утре се доигрува!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација ги започна квалификациите за Светско првенство во Русија.

Мечот лошо го почнавме, бидејќи Албанија веќе во 9 минута Садику ја доведе Албанија во водство од 1:0. Нашата најдобра репрезентија имаше многу лошо во првото полувреме, лоша координација меѓу одбраната и средниот ред, не можеа да сврзат неколку добри пасови.

Второто полувреме го почнавме многу подобро, а веќе во 51 минута, Алиоски искористи една грешка на домашната одбрана и со еден шут од над 20 метри го совлада голманот на Албанија Бериша.

Мечот е прекинат во 75 минута поради обилни врнежи на дожд.

Натпреварот најверојатно ќе се доигра во 14:00 часот.