„Ме сакаат клубови од Англија, Шпанија и Франција“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер од редовите на Баерн Даглас Коста призна дека има понуди од други клубови, но моментално не размислува за заминување од Баерн.

Коста игра одлично во дресот на Баерн откако во летото 2015 година стигна од украински Шахтјор.

Тој во оваа сезона постигна три погодоци и запиша и три асистенции во Бундеслигата, а порача дека моментално не размислува за заминување од Баерн, но дека никогаш не се знае што носи иднината.

„Не сакам да го напуштам Баерн. Со Баерн сакам да освојувам титули и мислам дека овде може да биде мојот врв на кариерата. Сон ми е да освојам титула светски шампион со Бразил и тогаш можам да размислувам за трансфер.

Овде сум веќе година и пол. Се прилагодив, го запознав градот и го научивј јазикот. Сепак, никогаш не се знае што носи иднината“, рече Коста па се наврати и на понудата која засега ја има.

„Не сакам сега да зборувам за имиња, но имам контакти со некои клубови од Шпанија, Франција и Англија. Имам договор со Баерн до 2020 година. Фудбалот е бизнис и тој кој ме сака во својата екипа ќе мора да плати на Баерн“, рече Коста.