Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на МЗТ Скопје вечерва ги започна подготовките во пресрет на новата сезона во која влегува со аспирација кон седмата по ред шампионска титула во Македонија.
На првиот тренинг од Американците присутен беше само Ерик Гарсија, додека неговите сонародници Даниел Џенсен и Брет Бејли треба вечерва да пристигнат во Скопје.
„Се уште не сме комплетни, но во кусо време очекувам да ја пополниме и последната празнина и тоа на центарската позиција. Би сакал да бидеме во полн состав пред одигрувањето на пријателските средби за да имаме доволно време за воигрување пред првиот меч од АБА-лигата против Партизан. Задоволен сум од тимот со кој располагам, дојдовме до играчите кои ги сакавме, а единствено изненадување беше заминувањето на Младеновски, што беше само поради неговата желба да се проба во странство“, изјави тренерот Тодоров.
Американецот Гарсија, пак, уште од самиот почеток најави голема борба за секоја топка и атака на победа на секој натпревар кој аеродромци ќе го одиграат сезонава.
„Ми се доаѓа тоа што досега во видов во Македонија, а презадоволен сум од приемот во МЗТ Скопје и од начинот кој засега сум третиран од сите во клубот. Искрено, не знаев речиси ништо за државата пред да дојдам, освен сликите што ги гледав на интернет откако потпишав договор. Изминатиов период го минав во гледање натпревари на екипите против кои ќе играме, пред се во АБА-лигата, која е навистина квалитетна со многу одлични игра во неа. Секој натпревар ќе биде голема борба, поради што мора напорно да го одработиме периодов за да бидеме подготвени за предизвикот кој е пред нас. Сакам да победувам и верувам дека ќе имам многу шанси за тоа во дресот на МЗТ Скопје“, вели Гарсија.