Миланисти, ова е најлош преоден рок, некогаш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медимите оценуваат дека ова е најлошо лето во последните 30 години, поточно откако Берлускони го превзеде клубот. Росонерите веќе ја жртвуваа сезоната?

Медиумите на Апенините се исклучително оштри кога е во прашање преодниот рок на Милан.

Тој е одработен речиси без пари, пробуваа да доведат неколку фудбалери, на крајот завршија, како се тврди, и без утешна награда.

Стигна првиот стрелец од Серија А, Лападула уште на почетокот, но прашање е дали тој има квалитет за Милан, доведени се уште Соса, Пашалиќ, Ванџиони, Гомез и вчера Мати Фернандез.

Штоперот Гомез е доведен за да игра одма, но веќе после два меча Монтела не е задоволен, па Галијани вчера пробуваше за некако да го реализира трансферот на Мусачио од Виљареал, за кого пари немаше.

Проба и да го доведе Гарај на позајмица, ни тоа не успеа. Зенит не ни сакаше да преговара, па на крајот Милан остана со премал квалитет во одбраната и во средниот ред, вишок на играчи на некои позиции, кога се во прашање офанзивните играчи за врска.

Изведена е паралела со првиот преоден рок на Силвио Берлускони, тогаш платил 10 милиони лири, го победи Јувентус и го доведе Роберто Донадони од Аталанта. Неговото последно засилување е Мати Фернандез кој го украде на Каљари и Монтела планира да го употреби како дублер за Монтоливо.

Тоа доволно зборува за амбициите на Милан, додека Кинезите не го превземат клубот. Навивачите се надеваат дека во јануари ќе има повеќе пари, кога и официјално новите сопственици ќе командуваат, но зимскиот преоден рок никогаш не нуди такви опции, во прашање е поправен за тие кои го погрешиле летниот, па слободно може да се каже дека Милан загуби веќе ушт една сезона.

Бидејќи, овој тим, и покрај една победа во две кола не е доволно добар за некои сериозни работи. Чекањето на враќањето на големиот Милан продолжува…