Милан во тајни преговори: Гатузо добива „клоца“, а на негово место седнува искусен стратег!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан ги подобри резултатите во последно време, но уште не настапуваат како што се очекува од нив, па поради тоа управата на „росонерите“ сака да му даде отказ на тренерот Џенаро Гатузо.

„Тутомеркато“ пишува дека фаворит за тренерската позиција во Милано е Џан Пјеро Гасперини, кој е тренер во моментов на Аталанта.

Ова би можело да биде одлична шанса за негова одмазда до Интер, откако нивната екипа ја водеше само на пет натпревари во 2011 година.

Гасперини загуби од Милан во тогашниот италијански Суперкуп и беше отпуштен шест недели подоцна, откако имаше едно реми и четири порази во сите натпреварувања.