Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан јануарскиот преоден рок ќе го заврши со доведување на Лукас Окампос од Џенова. Преговорите се во завршна фаза и се ќе биде официјализирано вечерва или утре.
Росонерите прво го позајмица Џерар Делуфеу од Евертон, а потоа го испратија Мбаје Нианг во Вотфорд.
Делува како рокада во нападот, но сепак Окапос ќе биде дополнително засилување на Монтела во офанзивниот дел на тимот.
Галијани постигна договор со Џенова околу доаѓање на младиот Аргентинец.
Росонерите за позајмица до крајот на сезоната ќе платат 500 000 евра. Џенова во минатото лето го доведе Окампос од Марсеј на бесплатна позајмица со право на откуп за 8 милиони евра, но после шест месеци решија да го проследат во Милан.
Окампос во Аргентина важеше за чудо од дете.л Дебитирашер за Ривер со 17 години, а веќе после година дена премина во Монако во трансфер тежок 13 милиони евра.
Монако тогаш беше второлигаш, па Окампос стана најскапо платен фудбалер во историјата на француската Лига 2.
За Кнежевците играше две и пол години, после што се пресели кај Биелса на позајмица која набрзо потоа се претвори во траен трансфер за откуп од 7 милиони евра.
Но после заминувањето на Биелса, Окампос падна во втор план и во летото дојде во Џенова.
Остави добар впечаток во Џенова постигнувајќи три гола на 14 натпревари. И така го привлече вниманието на Милан.
Окампос е идеакен за концепцијата на Монтела поради тоа што ги покрива двете крилни позиции иако најмногу му лежи играта на левата страна. Одлично се снаоѓа во системите 4-3-3 и 4-2-3-1 кои ги форсира Монтела.
За релизација на трансфер во Милан се чека само Џенова да доведе замена.
Прва желба беше Виктор Ибарбо кој се врати во Каљари после позајмицата во Панатинаикос, но Сампдорија е блиску до негово доведување.
Меѓутоа, Џенова ќе го активира планот Б кој се вика Рафаел Паладино. Тој некогаш играше за Грифоните.