Милан го продаде бразилецот – Во касата 30 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луиз Адриано ќе ја задржи платата од 5 милиони евра годишно во Спартак Москва.

Бразилецот ќе биде нов напаѓач на Спартак Москва. Италијанските медиуми пренесоа дека рускиот клуб и Милан постигнаа договор за трансфер, а остана само бразилецот да ги помине лекарските прегледи.

Милан ќе заштеди 30 милиони евра од овој трансфер. Пресметката е јасна, Адриано со росонерите има договор до 2020-та година. Тоа е уште 20 милиони евра нето, плус даноци и ќе стигнеме до оваа цифра.

Истата годишна плата од 5 милиони евра Адриано ќе ја има и во Спартак кој за оштетата на Милан ќе мора да издвои околу 7 милиони евра.

Адриано стигна во Милан во 2015-та година од Шахтјор, но досега има одиграно само 34 натпревари и има постигнато шест погодоци. Росонерите тогаш го платија 8 милиони евра.