Милан донесе засилување, но остана без два фудбалери!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Добрата вест ја заменија две лоши.

Лукас Окампос ги започна утрово лекарските прегледи во Милан и во текот на денот би требало да потпише договор со Милан. Тој ќе биде второ засилување, по Делофеу и ќе дојде на позајмица.

Тоа е најмногу што можеше да го направи Милан без буџет.

Од друга страна, тимот на Монтела е во слободен пат, сега 3-то место е се подалеку, а нови вести стигнаа по поразот од Удинезе.

Монтела останува без два фудбалери. Поточно Бонавентура и Де Шиљо се повредија, а денес ќе бидат извршени дополнителни тестови. Сепак, според први проценки се очекува дека тие ќе 1 месец надвор од теренот.