„Милан има тим за наредните 15 години!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Големи зборови на десниот бек на Росонерите.

Некои нови деца ќе го разбудат заспаниот џин и ќе го враќаат на патот на старата слава. Милан после пет години пост се закити со прв пехар и тоа со тој наменет за победникот на Суперкупот на Италија, а меѓу хероите на Росонерите се најдоа голобради деца како Џанлуиџи Донарума.

Мануел Локатели и Марио Пашалиќ (на позајмица од Челси), а тука се и момци како Алесио Ромањоли и Давиде Калабрија, кои претставуваат иднина на клубот од Сан Сиро.

Токму тоа е тема на која посебно внимание обраќа искусниот деден бек на Милан Матија Де Шиљо, кој смета дека Милан има екипа која може да доминира во наредните 15 години.

„Сакам што сум капитен на еден ваков млад и талентиран тим“, рече Де Шиљо за Газета и продолжи:

„Веќе имав шанса да ја носам лентата во младите категории, тоа е прекрасно чувство, но и голема одговорност. Јас сум уште сум млад, но кога ќе ги погледам Донарума и Локатели, кои се шест-седум години помлади од мене, јас останувам без зборови“.

Посебни зборови со пофалба имаше токму за двајца носители на играта – Донарума и Локатели.

„Донарума е фантастичен и секогаш напредува, со нозете цврсто на земја и не го загуби компасот. Локатели напредува исклучително добро за некој кој има 18 години. Жал ми е поради Калабрија, кој ќе биде надвор од терените три месеци, но веруваме во него“.

Затоа и верува дека Милан е на добар пат да се врати каде што му е и местото – во елитата.

„Имаме многу убава група на италијански играчи, а тоа се и други момци. Тоа е навистина убаво и треба да се биде горд на такво нешто, посебно кога ќе ги погледнеме составите на другите тимови. Со сите овие млади и талентирани играчи Милан има тим за наредните 15 години, ако не и повеќе. Сега сакаме да се квалификуваме за ЛШ и да се вратиме каде што ни е местото“.