Милан конечно се ослободи од Нианг

 

М’баје Нианг беше на излезни врати од Милан веќе подолг период, но ги одби сите тимови кои не беа од Италија. Конечно, тој го официјализираше трансферот во Торино.

 

М’баје Нианг е нов играч на Торино. Овој трансфер го потврдија двата клуба вечерва а тој уште од утре ќе му се стави на располагање на својот старо-нов тренер Синиша Михајловиќ.

Оваа сезона Нианг ќе ја помине во Торино како позајмен играч, но тимот има облигација да го купи за 15 милиони евра + бонуси во зависност од успехот во настапите.

 

М’Баје Нианг беше во Милан полни 5 години, откако во 2012 година дојде од тимот на Каен.