Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотални промени се подготвуваат за лето.
Италијанските медиуми брујат за тоа дека Милан се спрема за тотални промени на лето, а дека две имиња се појавија како можни мети: тоа се Пјер Емерик Обамејанг и Серхио Агуеро.
Габонецот даде 101 гол за Дортмунд за четири сезони, веќе рече дека сака да го напушти Дортмунд на лето што доведе до бројни шпекулации.
Од друга страна, Серхио Агуеро ја остави отворена опцијата да го напушти Сити бидејќи стартуваше само 14 од 24 натпревари под водство на Пеп Гвардиола.
Росонерите, кога ќе го преземат во целост клубот, ќе имаат на располагање 100 милиони евра на располагање, а овие две имиња се појавија како можни засилувања.
Исто така, Милан сака да го доведе Роберто Манчини на клупата.
Тој наводно има понуда од Англија, но судејќи по се ќе седне на клупата на Милан.