Милан на Монтела ветува „кули и градови“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Популарниот „Аеропланино“ се наоѓа на радарот на два клуба од самиот врв на италијанскиот фудбал, но Росонерите сакаат да го задржат.

Винченцо Монтела во оваа сезона одработи пристојна работа со екипата на Милан, седми се на табелата, јасно е дека нема да играат во Лигата на шампионите, но Лига Европа може да се стигне, со што ќе биде солиден пласман со оглед на тимот кој Монтела го има на располагање, како и вложувањето на управата.

Поради добро извршената работа, поранешниот италијански репрезентативец се најде на радарот на Јувентус и Рома, бидејќи двата клуба на лето ќе останат без тренер.

Макс Алегри може да се пресели во Лондон и на клупата на Арсенал да го замени Арсен Венгер, додека за Лучиано Спалети кружат приказни доколку не освои ниту еден трофеј со Рома, а се укажува дека нема, може да се повлече од местото шеф на стручниот штаб, бидејќи му истекува договорот во јуни.

Двата тима Монтела го гледаат како потенцијална замена, но управата на Милан не сака да го менува тренерот.

Новиот спортски директор Мирабели наводно веќе изврши разговор со Аеропланино и му вети трансфер буџет од соништата, со цел да го задржи на Сан Сиро.

Монтела наводно на располање ќе има 150 милиони евра за реконструкција на екипата, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно да го задржат, доколку Јуве и Рома навистина „тропаат на вратата“.