Милан потешко од планираното стигна до трите бода


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Екипата на Милан го победи Каљари на домашен терен со резултат од 2:1 во рамките од второто коло од Серија А. Херој на мечот повторно беше младиот напаѓач Кутроне.

 

Младиот Патрик Кутроне продолжува со одличните настапи за Милан сезонава, и тој во својот седми компетитивен меч го постигна и седмиот гол. Тој го отвори резултатот на мечот против Каљари уште во десеттата минута за да им донесе водство на фудбалерите на Милан. На пауза се замина со резултат 1:0 за Милан.

Во второто полувреме екипата на Каљари вршеше многу поголем притисок и успеа да стигне до неколку шанси, од кои една дури и ја реализираше Жоао Педро.

Сепак, Милан успеа да стигне до трите бода откако Сусо погоди од слободен удар во седумдесеттата минута за да го постави конечниот резултат 2:1 и да ја донесе втората победа во вториот меч за Милан сезонава во Серија А.

 

Милан останува перфектен во компетитивните натпревари откако ја забележа својата шеста победа во шестиот меч сезонава.