Милан почна да преговара, играч од Манчестер стигнува на Сан Сиро?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Милан се спремаат за големи засилувања и едно пронајдоа во Манчестер Јунајтед.

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај е отпишан од страна на Жозе Мурињо и сега му преостанува да пронајде клуб во кој ќе му веруваат и во кој ќе добие простор за игра.

Депај вреди 25 милиони фунти, но челниците на Јунајтед јасно се спремни да го продадат по значително помала сума и како таков се вклопува во пресметките на Росонерите за зимскиот преоден рок.

Евертон порано се поврзуваше со 22-годишниот фудбалер, но Мурињо предност сепак дава на клубови надвор од Англија и тука е Милан во пол позиција.

Влијателниот Калчомеркато тврди дека Депај веќе преговара со Милан и дека страните може да се договорат за трансфер во наредните неколку дена.

Депај во Јунајтед стигна во мај 2015 година од ПСВ за 25 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на Олд Трафорд.

Во оваа сезона запиша само четири настапи.