Милан – стигнуваат инвеститори, а со нив и напаѓач од светска класа?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата во еден од најголемите италијански клубови не е сјајна, но се може да се промени во ова лето.

Како што пренесува „Калчомеркато“ екипата на Милан наскоро треба да добие нови сопственици.

После 30 години владеење на фамилијата Берлускони, кинескиот бизнисмен Јанхонг Ли наскоро треба во целост да ја преземе контролата над управувањето на клубот, иако неодамна делуваше од преземање на клубот нема да биде ништо.

Работите сепак, според последните информации, се вратија на вистински пат, а со новите сопственици Милан ги очекува и голем трансфер буџет (се проценува околу 150 милиони евра).

Монтела може да бира, а како што пренесува „Премиум Спорт“ главна мета на Росонерите во ова лето може да биде еден напаѓач од светско реноме.

Се шпекулира дека главна мета е поранешниот играч на овој клуб Пјер Емерик Обамејанг, но според последните сознанија на споменатиот весник, тоа може да биде голгетерот на мадридски Реал Алваро Мората!

Шпанецот има искуство со играње во Серија А, ги бранеше со голем успех боите на Јувентус, а неколку клубови веќе во ова лето сакаат да го видат во своите редови, бидејќи кај Зидан никако да добие вистинска шанса.

Челси е споменуван најчесто, но во Милан се надеваат дека 70 милиони може да го убедат Реал да го пуштат да преговараат со Мората, кој ќе биде центар на создавање на нов Милан.