Милан ќе го награди Сусо, со нов и побогат договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Како пренесуваат италијансктие медиуми, Сусо ќе го продолжи договорот со Милан и ќе заработува 3 милиони по сезона.

Договорот на напаѓачот му истекува во 2019 година, а од раководството на Милан, сакаат уште сега да му го продолжат и да му понудат нов, подобрен договор.

Како пишува „Ла Република“, Сусо, ќе потпише договор што ќе го врзе во Милан до 2022 година.

Шпанецот, во новиот договор ќе заработува три пати повеќе, неговата моментална годишна плата е 1 милион, а со новиот договор тој ќе заработува 3 милиони по сезона.