Милвоки Бакс сака да им го “украде” Ирвинг на Бостон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

Бостон и Кливленд се договорија за трејдот со кој Ирвинг требаше да отиде од Кавси во Селтикси, но трејдот беше откажан поради тоа што Ајзеа Томас (кој требаше да оди во обратна насока) не можеше да ги помине медицинските.

 

Сега пак, Милвоки Бакс пробува да го саботира трејдот на Бостон со занимлива понуда до Кавс за Кајри Ирвинг. Имено, тие го нудат својот пик од прва рунда од драфтот во 2018 година, како и Крис Мидлтон и Малколм Брогдон.

Малколм Брогдон ја доби наградата Руки на годината и за него високо мислење имаат многу од генералните менаџери во лигата. Крис Мидлтон пак е одличен шутер и совршено би се вклопил во екипата на Кавси.

 

Сепак, крајниот збор го има екипата на Кливленд и нејзиното раководство. Доколку најдат заеднички јазик со Бостон во наредните неколку дена Бакси нема да го дочекаат Ирвинг во своите редови, но во спротивно овој предлог звучи примамливо за двата тима.