Милинковиќ-Савиќ бил на чекор до Милан, но Лотито…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан имал богата понуда за Лацио од 30 милиони евра за позајмица и уште 90 милиони за откуп за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но претседателот на екипата од Рим, Клудио Лотито го запрел трансферот.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека новото раководство на „росонерите“ се обидело на крајот на преодениот рок да го ангажира Србинот, но не успеале во своите намери.

Да потсетиме, Сергеј остана на „Олимпико“ и потпиша нов договор, но и покрај тоа голем број гиганти покажуваат интерес за неговите услуги.

Дали би можел Србинот да направи некој голем трансфер во наредниот период, останува да видиме, но секако ќе биде тешко да се задоволат апетитите на Лотито.