Мируваа мрежите на пријателскиот натпревар во Корчa

Екипата на Наум Љамчевски реши да ја искористи ова репрезентативна пауза, односно да одигра пријателски натпревар.

Пелистерци на покана на албанскиот прволигаш Скендербег, отпатува во Корча и одигра без голови. Скендербег важи за силен противник, а Пелистер со ова реми покажа дека не туку така е на првото место на табелата во ПМФЛ, после одиграни четири кола. Пелистер во текот на целиот натпревар беше подобар, иако одигра без неколку првотимци.