„Мислам дека Роналдо ќе има одличен финиш на сезоната“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид се бори за два трофеи на крајот на тековната сезона.

Мадриѓаните се моментално лидери во Ла Лига со два бода повеќе и натпревар помалку од Барселона која е на второто место, додека во четвртфиналето на Лигата на шампионите силите ќе ги одмерат со екипата на Баерн од Минхен.

Тренерот Мадриѓаните Зинедин Зидан порача на конференциите за новинарите пред утрешниот меч против Леганес се надева дека Португалецот Кристијано Роналдо, кој е прва ѕвезда на тимот, ќе има одличен финиш на сезоната.

„Милам дека тој ќе ја заврши сезоната како никогаш порано. Сепак, никогаш не знаете, но тој ги заврши одлично минатите неколку сезони. Одлично е физички спремен и се надевам дека многу добро ќе ја заврши сезоната“, рече Зидан.

Да потсетиме, Роналдо игра една од најлошите сезони откако стигна во Реал Мадрид и во Ла Лига постигна само 19 голови досега, а во учинокот додаде и само два погодоци во Лигата на шампионите.