Мислите ли дека Специјалниот е во конфликт само со Погба? Се лажете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мурињо во вторникот после мечот со Дерби жестоко влезе во конфликт со Погба, но не е французинот единствен со кого Жозе е „во војна“.

Претходно тој имаше конфликт и со Рашфорд. Овој 20 годишен напаѓач не сакаше да го почитува инструкциите на тренерскиот персонал за да не се повреди.

Неговиот став го погоди Мурињо, откако јасно му порача дека не е толку важен како што се мисли.

Однесувањето на Рашфорд се влоши по враќањето од СП. Сметаше дека треба да има поголема улога кај Мурињо, а таквиот став не му се допадна на Жозе.

Додатно ги влоши работите и црвениот картон против Вест Хем, па сега нивниот однос не е баш најдобар.

Често пати Посебниот влегува и во конфликт со новинарите на прес конференциите.

Се чини дека тој полека ја губи соблекувалната, Погба на своја страна има добра група на фудбалери, а квотата дека Мурњо наскоро ќе остане без работа е се поголема.