„Михтаријан има се што барам од офанзивец, а од некои сакам повеќе“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека повредата не е сериозна. Сепак, мислам дека нема да игра да една недела. Ќе паузира веројатно една недела, што е и добро“, рече Мурињо за повредата на Михтаријан.

Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 го доби Тотенхем. Јунак беше Хенрик Михтаријан кој го постигна единствениот погодок, но Арменецот поради повреда мораше да излезе во 85 минута.

„Мислам дека повредата не е сериозна. Сепак, мислам дека нема да игра најмногу една недела. Ќе паузира веројатно една недела, што е и добро бидејќи ќе биде спремен за лудиот божиќен распоред“, рече Мурињо па продолжи:

„Тој има се што барам од офанзивец на теренот. Среќен сум со она што го гледам од него на терен. Не само во офанзивата, туку и како партиципира во одбранбените задачи“.

Накратко застана па продолжи:

„Сакам повеќе од некои други офанзивни играчи. Михтаријан во два клучни натпревари беше фантастичен“.

„Оваа победа од 1:0 е магична бидејќи ни требаа три бода“.

Тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино не го криеше разочарувањето.

„Нормално дека сме малку разочарани, моравме подобро. Креиравме ист број на шанси како и Јунајтед. Но тие знаеја да реагираат пред голот“.

„Далеку е уште крајот на сезонат,а но мораме да останеме позитивини“.

Спарси се десет бода од врвот.

„Не сум загрижен поради тоа, тоа е Премиер лига“.