Младеновски се врати во МЗТ Скопје!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Центарот Љубомир Младеновски е првото засилување за МЗТ Скопје. 23-годишниот кошаркар потпиша договор на две години со македонскиот вицешампион.

Младеновски претходно помина четири години во МЗТ, а потоа играше во словенечка Илирија.

Високиот центар во моментов е на рехабилитација од потешка повреда на раката, поради што го пропушти крајот на сезоната и поради неа не можеше да игра за Македонија во јунскиот циклус на претквалификации за Светското првенство.

„Рехабилитацијата поминува подобро од очекуваното и сигурно Младеновски ќе биде максимално подготвен за првиот собир во август“, пишува во соопштението на МЗТ.