Може ли Монако да го наплати долгот од 2004 година?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Монако оваа сезона во ЛШ е најверојатно најубавото изненадување, а со своите игри овој тим потсетува на сезоната 2003/04 кога испиша историја на клубот.

Во средата Монако го одигра првиот натпревар против Дортмунд во гости. Иако сите очекуваа Монако повеќе среќно да помине во 1/8-финале против Сити, сепак Монако во средата покажа дека не било само до среќата.

Тие победија со 3:2 и така направија голем чекор кон ½-финале во ЛШ. Носени од младиот тим со неколку искусни играчи Монако потсети на 2003/04 кога играше финале во ЛШ. Многумина се прашуваат дали и оваа година може да направат такво нешто, па и да стигнат до трофејот.

Па, зошто да не?! Монако веќе покажа дека има одличен тим, убиствен напад и многу добро расположен ред за врска, како и искусна одбрана. Сепак, овој пат нема да ги ставаме во прв план нив, туку ќе се потсетиме на сезоната од минатото.

Тогаш Монако играше во групната фаза против Ла Коруња, ПСВ и АЕК. Монако беше прв со 11 бодови додека Депортиво заврши на второ место.

Секако, многумина од нас се сеќаваат на незаборавниот натпревар во Монако кога тие го победија Депортиво со 8:3 додека единствениот пораз им беше токму од Депортиво со 1:0. По групната фаза во 1/8-финале играа против Локомотива од Москва.

Првиот натпревар го добија Русите со 2:1, но во реваншот Монако победи со 1:0 и се пласираше во ¼-финале каде што играше против Реал Мадрид.

Реал Мадрид беше голем фаворит во овој натпревар и сите очекуваа да биде лесна задача за нив. Но Монако мислеше поинаку. По првиот натпревар сите мислеа дека се е решено затоа што Реал победи со 4:2, но во реваншот Монако победи со 3:1 и направи сензација, а притоа се пласираше во ½-финале.

½-финалето во ЛШ им донесе натпревар против Челси. Монако повторно изненади и победи со 3:1, а во Лондон водеше Челси со 2:0 по првиот дуел и изгледаше дека се е готово. Но повторно Монако го покажа својот квалитет и избори историско финале.

По прв пат по многу години во финале на ЛШ се сретнаа клубови за кои никој не можеше да смета дека ќе бидат тука. Двата тимови напишаа историја, а само еден можеше да биде победник.

Се очекуваше тврд натпревар и борба до последна секунда, но Порто го расипа тоа. Клубот кој го водеше Мурињо стигна до победа од 3:0 и стана шампион на Европа. Головите за Порто ги постигнаа Алберто, Деко и Аленичев.

За Монако во тоа финале во Гелзенкирхен играа: Рома, Ибара, Родригез, Гаел, Евра, Сисе, Бернарди, Зикос, Жули, Ротен, Мориентес.
На клупата беа: Силва, Сквилаци, Плашил, Ел Факири, Пршо, Нонда, Адебајор.

Секако, тренер на Монако во таа сезона беше Дешамп.

Монако тогаш не успеа да ја заврши бајката на најубав начин, но сигурно е тоа дека сите беа горди на овој клуб кој беше феноменален.  Оваа година потсетува на таа сезона и многумина се надеваат дека Монако ќе стигне повторно до крајот.

Нема да им биде лесен патот, но покажаа дека можат да играат против најдобрите. Можеби оваа година е година на Монако, но само можеби…