Можно ли е да се случи ова? Легенда на Арсенал го советува Санчез да се врати на „Емирати“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез би требало да се врати во Арсенал доколку сака да ја „оживее“ својата кариера. Ова го вели поранешниот легендарен напаѓач на „Топчиите“, Марк Овермарс.

Чилеанецот воопшто не се снајде на „Олд Трафорд“, а по катастрофалните 45 минути против ПСЖ и фановите почнаа да го губат трпението со него.

На социјалните мрежи се повеќе се читаат коментари за тоа колку големо трансфер промашување е Санчез кој досега воопшто не остави добар впечаток, а Овермарс смета дека тој мора да се врати во Арсенал за да ја оживее кариерата.

„Имам голем респект за Алексис затоа што тој играше одлично за Арсенал и затоа не знам дали неговата одлука да замине беше добра. Англискиот фудбал ве променува, ваквиот тип на играчи се многу важни за Арсенал. По заминувањето на Алексис, Арсенал се обиде да донесе негова замена, но не успеа во таа намера, па затоа најдобро за двете страни е тој да се врати во Лондон“-заклучи Овермарс.