Молде се збогати: Откриени необични детали од договорот со Јунајтед и Солскјер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер денеска беше поставен за нов тренер на Манчестер јунајтед, откако вчера отказ доби Жозе Мурињо по катастрофалните резултати кои ги имаше со клубот.

Интерсно е тоа што Солскјер има улога на привремен тренер, но исто така е “позајмен”. Поради тоа што 45-годишниот тренер имаше договор до 2021 година, Јунајтед мораше да плати многу пари за неговиот ангажман. Поточно, Молде за него доби два милиони евра за него.

“Манчестер јунајтед праша дали може да го позајми Солскјер, а ние се согласивме на тоа. Тоа е голема промоција за Молде”, кажа извршниот директор на клубот, Ојстен Нерлен. Моменталниот план е Солскјер да остане во клубот до тренер. на јуни, а потоа ќе се обиде Јунајтед да ангажира нов тренер.