Монтела доведува поранешен играч на Јувентус поради многу повреди?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Милан маки мачи со повредите, последна и една од најстрашните е повредата на Џакомо Бонавентура кој беше еден од најдобрите играчи на Монтела но се повреди и е аут до крајот на сезоната, но покрај тоа Милан има проблеми и во дефанзивната линија.

Проблемите дојдоа во најлошо време, а Виченцо Монтела излезот го гледа во Мартин Касерес.

Касерес е поранешен играч на Јувентус, без ангажман од јуни, овој месец не ги помина медицинските прегледи во Трабзонспор и сеуште е без ангажман.

Касерес е стопер, но може да игра и како лев бек, па доколку ја има формата од Јувентус некако и ќе помогне во Милан.