Монтела му оддаде почит на Михајловиќ – Тој е најзаслужен за италијанското чудо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сите заслуги му припаѓаат на Синиша бидејќи имаше храброст да го стави 16-годишниот голман“, изјави Монтела.

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела му одаде почит на Синиша Михајловиќ, човекот од кој ја презеде клупата на росонерите на тоа што имаше храброст да му даде шанса на Џанлуиџи Донарума.

Српскиот тренер во октомври 2015-та година на изненадување на многумина го стави 16-годишниот Донарума пред многу поискусниот Диего Лопез и тоа беше вистински потег.

„Сите заслуги му припаѓаат на Синиша кој имаше храброст да го стави 16-годишниот голман. Сигурен сум дека ќе биде најдобар голман во светот, но моментално мора да работи во Милан“, изјави Монтела.

Наследникот на Џанлуиџи Буфон привлече големо внимание со своите настапи.