Мончи веќе го договори првото засилување на Рома?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома неодамна потврди дека од ова лето нов спортски директор ка клубот ќе биде Мончи кој во претходните години ја извршуваше оваа функција во Севиља.

Навивачите на Рома се задоволни со овој избор на челниците на клубот бидејќи е познато дека Мончи правеше чуда во Севиља која редовно ја освојуваше Европска лига.

Од новиот спортски директор веќе во ова лето се очекуваат нови засилувања, а тој веќе има неколку интересни играчи на својата листа на желби.

Еден од нив е игрерачот за врска на ПСЖ, Грегорш Криховјак, кој во минатото лето токму од Севиља премина во Париз.

Сепак, полскиот репрезентативец баш не се наигра во оваа сезона бидејќи натпреварите на својот клуб ги следеше повеќе од клупата за резервни играчи.

Мончи стапи во контакт со Криховјак, и јасно му порача дека сака да го доведе во Рома во ова лето.

Тој овој играч во 2014 година од Ремс за 4.5 милиони евра го доведе во Севиља, па се очекува за овој да успее повторно Полјакот да го доведе во клубот во кој работи, а тоа е сега Рома.

Овој 27-годишен фудбалер во оваа сезона одигра само седум натпревари во француската Лига 1 за ПСЖ.

Неговото доаѓање на Олимпико може да ја чини Рома околу 20 милиони евра. Наводно оваа зделка треба да биде завршена одма на крајот на сезоната.